Клоп: Тајната зад успехот на Салах и Мане? Не пијат алкохол…

Мохамед Салах и Садио Мане по финалето во Афричкиот куп на нации помеѓу Египет и Сенегал веднаш му се ставија на располагање на Јирген Клоп за дуелите на Ливерпул во Премиерлигата и Лигата на Шампиони, уште еднаш докажувајќи ја нивната физичка подготвеност.

На што се темели истата објасни лидерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој вели дека тоа што двајцата не конзумираат алкохол им помага полесно да се рехабилитираат по натпреварите.

„Салах и Мане не пијат алкохол така да го немаат главниот проблем кој ги „убива“ фудбалерите или го продолжува времето потребно за рехабилитација. Тие не пијат и затоа веднаш по завршување на финалето на Афричкиот куп на нации беа подготвени да настапат за нас. Се надевам дека и двајцата ќе продолжат така и во иднина“, вели Клоп.

Се вчитува...