Грубите напади на тренерот на Олимпик Лион кон судиите оваа сезона беа „платени“ со голема суспензја, откако Пауло Фонсека беше суспендиран на девет месеци.
Пауло Фонсека физички го нападна судијата Беноа Мило откако доби црвен картон. Фонсека му влезе во лице на судијата, му се развика и поради тоа доби црвен картон. Тој беше казнет максимално и е суспендиран на девет месеци.
Јирген Клоп го разбира Фонсека и неговата реакција. Воопшто не ретко го гледавме Германецот во жестоки конфликти со судиите.
„Видов дека Фонсека доби суспензија од девет месеци. Можете да најдете многу слични фотографии од мене како се расправам со судии. Ќе се обидам да ви објаснам вака – има само еден сантиметар помеѓу црвен картон и суспензија од девет месеци. Само ќе кажам дека сум среќен што повеќе не сум во тие ситуации“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

