Јирген Клоп имаше причина за незадоволство по недосудениот пенал за Ливерпул во судиското продолжение од големото дерби со Манчестер Сити.
„Црвените“ бараа пенал по несмасниот старт на Доку врз Мекалистер по што Аргентинецот остана да лежи на теренот, но ниту главниот судија Оливер ниту ВАР-арбитрите не се решија за нов удар од белата точка за Ливерпул.
„Немаше ништо спорно. Тоа беше чист пенал за сите луѓе што разбираат фудбал на планетава. На било која позиција од теренот тоа е фаул и жолт картон, така што мораше да биде пенал“, изјави Клоп.
Ливерпул ја задржа предноста од еден бод во однос на Сити, но „црвените“ сега се на второто место на табелата со ист број бодови, но и послаба гол-разлика во однос на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА