Клоп уште еднаш одговори на гласините за преземање на Реал Мадрид: „Не можам ништо да гарантирам…“

Легендарниот германски тренер Јирген Клоп, повторно одговараше на гласините дека ќе го преземе тимот на Реал Мадрид. Откако Чаби Алонсо доби отказ, прв пик беше Клоп, меѓутоа засега тој негира дека ќе оди во Мадрид.

Германецот кажа дека не може да гарантира дека нема да се премисли во иднина ако стигне понуда од „кралевите“.

„Дали сум возбуден што има интерес од Реал Мадрид? Не, затоа што тие навистина не покажаа интерес, туку медиумите малку претераа. Јас сум доследен, и никогаш нема да го сменам мислењето преку ноќ. Секако, не можам ништо да гарантирам и целосно да го отфрлам, но имам 58 години и сум среќен таму каде што сум“, изјави Клоп.

Се вчитува...