Клоп во 2016 година: Кога фудбалот ќе се врти со играчи од 100 милиони евра, јас ќе заминам

Дарвин Нуњез наскоро би требало да стане нов играч на Ливерпул. Уругвајскиот напаѓач би требало да слета во Англија и да ги мине лекарските прегледи, при што ќе стави потпис со „црвените“ во следните шест години. Бенфика за него ќе добие 80 милиони евра, плус 20 милиони во бонуси, кои 22-годишниот играч од нападот би требало лесно да ги исполни.

Со тоа Нуњез ќе стане најскапиот играч на Ливерпул во историјата, после Вирџил Ван Дајк кој беше платен 84 милиони евра во 2018 година. Уругваецот Нуњез би требало да ја потполни дупката со заминувањето на Садио Мане.

Меѓутоа она што е интересно е изјавата на Јирген Клоп од пред шест години. Тој во 2016 година коментирајќи го трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра, рече:

„Ако купите еден играч за 100 милиони и повеќе, и тој се повреди, сите пари ќе пропаднат. Кога фудбалот ќе почне да врти само околу такви суми и играчи, јас ќе се повлечам од него. Другите клубови може да трошат многу пари и да ги купуваат најдобрите играчи на светот, но јас сакам да го направам тоа поинаку. Секој може да освои трофеј, но за мене постои друг начин на кој јас сакам тоа да го остварам“, рече Клоп тогаш.

Се вчитува...