Јирген Клоп се соочува со сериозни проблеми околу составот на Ливерпул за утрешниот меч против Вулверхемптон, закажан за 13.30 часот. Капитенот Ван Дајк поради суспензија нема да може да настапи на овој натпревар, во „аут“ се и Тијаго Алкантара и Дарвин Нуњез, а на листата повредени играчи се приклучи и Трент Александер Арнолд.
Стандардниот десен бек се повреди во финишот од последниот меч со Астон Вила, потоа ги пропушти натпреварите на англиската репрезентација, но не успеа да се рехабилитира навреме за настап против „волците“.
„Повреда со мускулот, не е ништо многу сериозно, но две седмици е прекратко време за Трент да може целосно да се рехабилитира. Се надеваме дека од понеделник ќе почне со тренинзи со топка, па ќе видиме како ќе напредува во наредните денови“, изјави Клоп.
Проблем плус е што неизвесен е и настапот на Конате, па Ливерпул ќе игра со „крпена одбрана“ ако се знае дека нема резервна опција на десен бек освен Гомез, кој пак ќе мора да ја пополни дупката поради неиграњето на Ван Дајк како централен дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

