Клоп во одбрана на Нуњез: Уште е дете, а не знае ниту англиски

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез беше платен блиску 100 милиони евра летово од Бенфика, но и натаму не ги оправдува очекувањата од навивачите и од јавноста. Нуњез имаше доста промашувања, а против Кристал Палас заработи и црвен картон.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на својот голгетер, кој трпи многу критики од навивачите.

„Мислам дека и самиот нагласи дека чувствува притисок. Мора да се смири, но добро се движи. Само да видите како постигнува голови на тренинг. Немаше совршен почеток во Англија, но тој е агресивен играч и премногу емотивен. Ваков фудбалер не сме имале порано. Мислам дека ќе биде се во ред понатаму. Не знае англиски, само кажува добро утро и „одиме“. Тој е уште дете, но фудбалер кој има многу самодоверба“, рече Клоп.

Се вчитува...