Клоп во пресрет на дуелот со Евертон: „Ранетиот лав“ е најопасен!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред градското дерби со Евертон истакна дека ќе му недостасуваат таквите пресметки доколку „карамелите“ не успеат да обезбедат опстанок во елитата.

Овој меч ќе биде од големо значење за двата клуба, имајќи предвид дека Евертон се бори за опстанок, а Ливерпул за лидерското место во Премиер-лигата,

„Тоа е можеби најинтензивното дерби. Ранетиот лав е најопасен, мечот е значаен за двата клуба. Сите сме навикнати на двата клуба во нашиот град и така треба да биде“, изјави Клоп.

Роберто Фирмино е единствениот фудбалер на кого Германецот нема да може да смета на овој дуел, но Клоп има голем избор на врвни офанзивни играчи, во Салах, Мане, Жота и Дијаз.

Се вчитува...