Клоп: Враќање на Кутињо на „Енфилд“? Не зборувајте глупости

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека ги почитува квалитетите на Филипе Кутињо, но шпекулациите дека тој летово ќе се врати на „Енфилд“ се само обични глупости.

„Го сакам Филипе, тој е одличен фудбалер. Неговото ангажирање би не чинело многу, а ние не сме во година во која можеме тоа да си го дозволиме. Нема сомнеж дека тој е фудбалер кој секој би сакал да го има во тимот, но едноставно негов кам-бек е невозможен“, вели Клоп. 

Бразилскиот плејмејкер минатата сезона настапи на 54 натпревари за Барселона, на кои постигна 11 гола и забележа 5 асистенции. Неговиот договор со шампионот на Шпанија е во траење до 2023 година.

Се вчитува...