Менаџерот на Ливеруп Јирген Клоп ја коментираше ситуацијата во Челси, санкциите против сопственикот Роман Абрамович како и неговиот замзрнат имот меѓу другото и тимот на лондонските „сини“.
„Ова не е ситуација за која се одговорни вработените во клубот. Жалам за Тухел и играчите на тимот. Не знам ништо за улогата на Абрамович, но мислам дека владата на Велика Британија направи се што требаше и постапи правилно“, рече Клоп.
Британската влада воведе санкции против Абрамович кој објави дека го продава клубот. Меѓутоа вчера владата му го замрзна клубот, и сега не може да стори ништо. Во меѓувреме откажуваат спонзорите, па така „сините“ би останале без голема сума на пари кои се потребни за нормално функционирање на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

