Клоп за изјавата на Салах: Се плашам што ќе направат медиумите од тоа

Ливерпул после долго време не избори место во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот во недела игра против Саутемптон во последното коло во Премиер-лигата, и јасно е дека „црвените“ ќе завршат на петтата позиција на табелата и во Лгиата на Европа. Тоа е катастрофален биланс, со оглед дека тимот потроши многу пари пред почетокот на сезоната, особено за носење за Дарвин Нуњез.

Менаџерот Јирген Клоп, зборуваше пред новинарите за мечот со Саутемптон, и кажа дека стравува што ќе направат медиумите од изјавата на Салах дека е целосно сркшен поради тоа што тимот нема да игра во ЛШ идната сезона и дека ги изневериле навивачите.

„Се плашам какви насловни страни ќе бидат испишани во медиумите. Направете ми услуга и дајте се од себе. Факт е дека нема да играме во ЛШ, и тоа јас го сфатив. Тоа е реалноста. Но, во соблекувалната нема лоша атмосфера. Се научивме да не ги вперуваме прстите едни кон други. Не завршивме петти поради последните десет натпревари, туку поради тоа што се случуваше недели претходно“, изјави Клоп.

Се вчитува...