Клоп за малку ќе го заменел Салах со промашувањето на Јунајтед од 95 милиони евра

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах, има одличен почеток на сезоната во Премиерлигата. „Црвените“ во моментов имаат пет бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити по 11 одиграни кола. Салах досега во 17 настапи за Ливерпул, има 10 гола и исто толку асистенции.

„Тајмс“ пишува дека исходот на Салах во Ливерпул можел да биде поинаков откако пред две години, Клоп веќе се подготвувал за заминување на Салах, а него да го замени со играч кој подоцна замина во Манчестер Јунајтед за сума од 95 милиони евра.

Англиските медиуми пишуваат дека на врвот на приоритетите на Клоп бил Бразилецот Антони, кој беше дел од Ајакс, а потоа замина во Манчестер Јунајтед за 95 милиони евра. Тој трансфер се покажа како катастрофален, со оглед дека Бразилецот во 87 меча учествуваше во 17 голови и исто толку асистенции.

Се вчитува...