Клоп за повредата на Салах: Има нешто дефинитивно, многу ретко го напушта теренот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека нема информации за тежината на повредата на Мохамед Салах, кој мораше да го напушти теренот на мечот з Египет против Гана во АФК.

Германецот кажа дека се чул со својот играч, и дека бил шокиран зошто чувствува толку болка, и дека ќе бидат направени прегледи за да биде проценета состојбата со повредт.а

„Ништо не знаеме. Синоќа разговаравме, и тој беше во шок. Овие повреди треба да се проценат. Мо не знаеше зошто чувствува толкава болка, а ние знаеме дека тој многу ретко го напушта теренот, така што дефинитивно има некоја повреда, има нешто. Ќе биде подложен на магнетна резонанца, па ќе видиме“, рече Клоп.

Се вчитува...