Клоп за синиот картон: Тие луѓе никогаш не донеле паметна одлука за фудбалот

Јирген Клоп јасно стави до знаење каков е неговиот став во врска со воведувањето на „син картон“ како нова „револуционерна одлука во фудбалот“. Најавите дека ФИФА планира експресно да го воведе синиот картон и веќе од наредната сезона да почне со експерименти на новото правило беа жестоко критикувани од тренери, фудбалери и од фудбалските аналитичари, поради што светската куќа на фудбалот ретерираше и го врати предлогот на дополнително разгледување.

За Клоп, нема дилема дека едно вакво правило само уште повеќе би ја зголемило конфузијата кај судиите за време на натпреварите.

„Треба да настојуваме играта да биде штопоедноставна за судиите. А од ова што го видов, само ќе биде многу покомпликувано. Ќе има нов картон, па милион дилеми, зошто син картон, дали требаше тоа да е жолт, или црвен. Па казна од десет минути, или да го напуши теренот до крај. Ако сакаат да го тестираат, во ред, но ако мислат дека со тоа ќе го унапредат фудбалот, не сум баш сигурен“, изјави Клоп.

ИДејата за оваа револуционерна фудбалска промена беше презентирана од Комисијата за Фудбалски Иновации при ФИФА, но тренерот на Ливерпул јасно стави до знаење што мисли за ова тело.

„Воопшто не звучи како фантастична идеја, како паметна одлука за фудбалот. Сепак, јас не се сеќавам тие луѓе да донеле паметна одлука за фудбалот, ако воопшто некогаш направиле такво нешто. Јас имам 56 години, а не се сеќавам на ништо такво“, прокоментира Клоп.

Се вчитува...