Ливерпул успеа да го совлада Салцбург со 4-3 во 2. коло во Лигата на шампионите, но иако на полувреме имаа предност од 3-0, гостите успеаја да стигнат до израмнување. Тренерот на австрискиот клуб на полувреме одржа мотивациски говор кој ги врати неговите играчи во мечот, а сето тоа беше снимено.
Менаџерот на „црвените“ од Енфилд, Јирген Клоп не се сложува со снимањето во соблекувалните на тимовите.
„Да ме снимаа од Ливерпул на полувреме на мечот јас би заминал од клубот“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА