Клоп замената на Мане ја најде во Челси!?

Садио Мане и дефинитивно сака да го напушти Ливерпул. Сенегалецот влегува во последната година од договорот со „црвените“, поради што клубот ќе мора да го продаде.

Медиумите шпекулираат дека замената за Мане ќе пристигне до Челси. Кристијан Фалк, новинар на „Билд“, кој е фокусиран на Баварците пренесува вест за интересот на „црвените“ за услугите на играчот на Челси, Кристијан Пулишиќ.

Американецот соработуваше со Јирген Клоп во Дортмунд. Засега не се познати повеќе детали за трансферот на крилниот напаѓач кој на 38 натпревари оваа сезона постигна осум гола и подели пет асистенции.

Доколку дојде до трансферот, Мане ќе потпише тригодишен договор со годишна бруто плата од 20 милиони евра по сезона. Покрај шампионот во Бундеслигата, за играчот се заинтересирани и ПСЖ, Барселона и Реал.

Се вчитува...