Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека клубот од „Енфилд роуд“ нема да биде премногу активен во летниот преоден рок. Европскиот шампион досега го доведе само младиот Холанѓанец Сеп ван ден Берг од Цволе за 1.3 милиони евра, а по зборовите на Клоп може да се заклучи дека нема да носат нови засилувања.
„Пазарот е отворен. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека нема да биде најголем преоден рок за нас. Веќе имаме засилувања во Окслеј-Чембрлејн и Брустер. Тие не играа минатата сезона бидејќи беа повредени. Исто така сите млади момци кои се приклучуваат во првиот состав за нас претставуваат нови фудбалери“, вели Клоп.
Ливерпул во првиот подготвителен натпревар за новата сезона го победи Транмере со убедливи 6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА