Клоп знае како Ливерпул може до титула: Нема да биде лесно…

Ливерпул ја продолжи победничката низа на шест триумфа едно по друго откако вечера го разби Лидс со 6-0. Мо Салах два пати ја тресеше мрежата од белата точка, два гола постигна и Садио Мане, а во листата на стрелци се запишаа и стоперите Матип и Ван Дајк па не само што „црвените“ се приближија на табелата, ги престигнаа „граѓаните“ со гол-разликата.

Со новата победа Ливерпул го сведе заостатокот од лидерот на табелата на само три бода, а тренерот Јирген Клоп вели дека доколку неговиот тим продолжи во ова темпо може да се надева на титула.

„Го смаливме заостатокот на три бода до викендот кога Сити најверојатно ќе победи па разликата повторно ќе биде шест бода. Во принцип ако ги добиеме сите останати натпревари ќе имаме шанса за титула. Мислам дека за сите неутрални навивачи е подобро разликата да биде три или шест бода отколку 20 или 30. Така е повозбудливо, но нам ни преостануваат тешки натпревари против силни протиници. Нема да биде лесно, но ќе се обидеме“, вели Клоп.

Се вчитува...