„Кловнови… Луѓе умираат, а вие шутирате артикал кој го нема доволно во светот“

Бразилскиот футсал мајстор Фалкао е револтиран поради акцијата „челенџ“ на бројни светски фудбалери кои жонглираат со тоалетна хартија, предизвикувајќи нови и нови фудбалери.

Фалкао преку социјалните мрежи, по последното видео од акцијата на која се приклучи и Лионел Меси, порача дека нема да учествува во тоа, иако е еден од најголемите виртуози со топката..

„Ситуацијата со коронавирусот е исклучутелно тешка. Затоа е важно да се нагласи дека постојат разни други, многу посериозни, начини да се подигне општата свест. Важно е да се задржи фокусот на опасностите од овој вирус и начините како да се спречи истиот, а не да се шират бесмислици како ова со жонглирањето со тоалетна хартија. Впрочем, оние кои тоа го прават, како некои кловнови шутираат артикал важен за одржување хигиена, а кој панично е неопходен во некои делови од светот“ – вели Фалкао.

Се вчитува...