КЛС му одговори на Партизан: Не ја почитувате Србија која издвојува партични средства за вас

Партизан денеска донесе одлука да не се натпреварува во српското кошаркарско првенство како превентива по случувањата од финалната серија против Црвена Звезда во АБА лигата, но и како одговор за одлуката на КФС оваа сезона директно да се стартува со плејоф, а пласманот да се пренесува од регионалното првенство каде Црвена Звезда би имала предност на домашен терен во евентуалното финале меѓу вечните ривали.

За одлуката на „црно-белите“ следеше и одговор од страна на Кошаркарската лига на Србија која го осуди Партизан за отстапувањето од првенството и потегот го означи како непочит кон самата држава.

„Кошаркарската лига на Србија е непријатно изненадена и разочарана од одлуката на КК Партизан да отстапи од натпреварувањето. Одлуката која сама по себе е скандалозна е и некоректна бидејќи е официјално соопштена пред самиот почеток на полуфиналната плеј-оф серија. КК Партизан со својата одлука нанесе голем штета на српската кошарка. Сметаме дека истата претставува и непочитување на државата Србија како издвојува голема сума на парични средства за спортот, пред се за кошарката, а со тоа и за КК Партизан“, стои во дел од соопштението.

Доколку Партизан не ја промени одлуката во најбрз можен рок ќе следи и исфрлање на белградскиот гигант во третата лига.

Се вчитува...