Клуб Бриж без проблеми на гостувањето кај Кајрат Алмати (ВИДЕО)

Фудбалерите на Клуб Бриж ја запишаа втората победа сезонава во Лигата на шампионите, откако вечерва во премиерниот натпревар од седмото коло славеа на гостински терен кај Кајрат Алмати со убедливи 1-4.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Станковиќ во 32. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 со погодокот на Ванакен во 38. минута. На 0-3 зголеми Вермант во 74. минута, додека на 0-4 зголеми Мехеле во 84. минута. Конечните 1-4 ги постави Садибеков во 92. минута.

Kairat 0-4 Club Brugge – Brandon Mechele 84'
byu/4gjdtokurwa insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...