Белгискиот гигант Клуб Бриж е најновиот клуб кој покажа интерес за ангажман на македонскиот фудбалски суперталент Елиф Елмас. Момчето кое со 17 години дебитираше за А-репрезентацијата на Македонија, а беше и дел од селекцијата до 21 година на Европското првенство во Полска, се наоѓа на списокот на желби на неколку европски клуба. Според белгиските медиуми, и Клуб Бриж би сакал да го види во своите редови, а првичните контакти се веќе остварени.
Во трката за Елиф Елмас има неколку клубови. Од шпанскиот Лас Палмас, преку турскиот Галатасарај, хрватскиот Динамо Загреб, швајцарскиот Базел…се споменуваат дури и гиганти како Манчестер сити и Бенфика, а, сепак, холандскиот Херенвен го има правото прв да одлучува, согласно претходен преддоговор.
Останува во наредниот период, до крајот на летниот преоден рок, да се види кој клуб ќе успее да го купи младиот фудбалер на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА