Клуб од МЛС го купува „отпишаниот“ Горецка

„Билд“ тврди дека тимот од МЛС Шарлот е заинтересиран за Леон Горецка, кој е „отпишан“ од Баерн Минхен.

На играчот од средниот ред, наводно, му било кажано дека има премногу конкуренција за неговата позиција и дека ќе има малку минути игра во новата сезона. Баерн сака да се ослободи и од големата плата на Горецка која е близу 18 милиони евра годишно.

Поради овие причини, Шарлот направи конкретна истрага за 29-годишниот играч од средниот ред. Во оваа фаза, сепак, Горецка категорично не сака да го напушти Баерн , уште помалку во насока на САД или Саудиска Арабија, бидејќи неговата желба е да игра на највисоко ниво.

Играчот од средниот ред е амбициозен да ја врати довербата на новиот тренер Винсент Компани и да се избори за своето место во тимот.

Се вчитува...