Како што се ближи крајот на договорот на Кристијано Роналдо со Ал Наср, се повеќе луѓе го преселуваат легендарниот Португалец во некои од најдобрите клубови во светот, а најмногу го споменуваат неговото враќање во Европа.
Првата официјална понуда навистина дојде од Стариот континент. Ни помалку ни повеќе од Молдавија, од клубот Дачија Бујукани. Станува збор за моментално седмопласираната екипа во шампионатот на оваа поранешна советска земја.
Секако, иако понудата е официјална, логично е дека нема никаква врска со преселбата на Роналдо во Молдавија. И покрај тоа што Дачија му понуди добри услови на Португалецот.
Не толку во финансиска смисла, туку парите се трудеа да ги надоместат со некои други работи. На пример, петкратниот добитник на „Златната топка“ би добил место во управата на клубот на позицијата меѓународен амбасадор, како и можност да работи како шеф на Академијата или тренер на младинските категории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА