Кошаркарот на Панатинакос, Матијас Лесор поради скршеница на ногата ќе биде надвор од терените цели четири месеци. Но, тоа не го спречува неговиот клуб да му даде нов и уште побогат договор.
Сопственикот на ПАО, Димитрис Јанакопулос подготвил нова понуда за Лесо и покрај фактот дека се уште не е јасно познато кога ќе се врати на паркетот.
Лесор моментално заработува 1,7 милиони долари по сезона, а новиот договор кој Панатинаикос му го подготвува ќе биде уште подобар финансиски за него.
Французинот во јуни 2023 година пристигна во Атина од редовите на Партизан потпишувајќи двегодишен договор.
Вчера имаше операција по тешката повреда на мечот со Басконија во Евролигата, па јасно е дека оваа сезона назад во тимот ќе може евентуално да биде ако Панатинаикос се избори за плеј-офот кој почнува на почетокот на мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА