Клубот на Никола Јокиќ ќе биде противник на Пелистер во АБА 2

Кошаркарскиот клуб Вршац се повлече од регионалното натпреварување и ги покани другите српски тимови да го сторат истото. Сепак, раководството на втората Јадранска лига успеа да најде замена од Србија.

АБА 2 официјално потврди дека „амбициозниот КК Џокер ќе го заземе празното место создадено по одлуката на КК Вршац да ја промени својата одлука и да не настапува“.

Џокер ќе се пласира во групата Ц и ќе ја започне новата сезона со гостување во Подгорица на 2. октомври, а ќе игра и против македонскиот прволигаш Пелистер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NLB ABA League 2 (@aba.liga2)

Се вчитува...