Норвежанецот Оле Гунар Солскјер ќе биде именуван за нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Ова стана јасно откако клубот на официјалниот веб сајт откри дел од информацијата која веројатно е подготвувана да се официјализира во текот на утрешниот ден. Брзо по „грешката“, веста беше повлечена, но веќе стигна до медиумите во Велика Британија.
„Солскјер станува наш привремен менаџер, 20 години откако го постигна тој гол на „Камп Ноу“, објави за момент клупскиот сајт на Манчестер Јунајтед, асоцирајќи на освоениот трофеј во Лигата на шампионите во 1999 година. Норвежанецот досега беше на кормилото на Молде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА