Клубови од двете најсилни лиги на Турција се сериозно заинтересирани за услугите на младинскиот репрезентативец и член на Брегалница, Јован Манев.
21-годишниот Манев остава беспрекорна сезона зад своето име по која е нескриена трансферна цел на неколку клубови од Турција, Албанија, Унгарија и Бугарија. Сепак, изминативе денови најзагреани за неговите услуги се турските клубови каде би можел да ја продолжи својата кариера.
Не е тајна од претходно дека Брегалница е во преговори за евентуален трансфер на Манев, кој би се реализирал само доколку има навистина примамлива понуда прифатлива за двете страни.
Манев изминатиов квалификациски циклус беше незаменлив и во младата репрезентација на Македонија каде беше и капитен на генерацијата предводена од Драган Канатларовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА