Најдобриот македонски фудбалер Елјиф Елмас имаше одлична сезона во својот Наполи која ја круниса со освојување на титулата во Серија А.
По одличната сезона Елмас се очекува летово да го напушти тимот од Неапол и да ја побара среќата во некој друг европски гигант.
Неговиот италијански менаџер Џузепе Гарди во интервју за медиумите од „чизмата“ вели дека заинтересираност за „дијамантот“ има од клубови од Англија, Германија и Шпанија.
„Мислам дека Елјиф е многу потценет фудбалер, а станува збор за млад играч кој има огромно искуство зашто веќе четири години игра на највисоко ниво. Има огромен интерес за него, зашто е поливалентен фудбалер, кој може да игра на четири позиции. Пред него е голема иднина, но ќе следи евалуација со новиот тренер на Наполи, ќе видиме дали тој ќе верува во Елјиф, секако и со раководството. Во зависност од тоа ќе бараме решение. За Елмас има интерес од Премиерлигата, од Ла Лига и од германски бундеслигаши“, рече Гарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА