Клубовите и пливачите шокирани – Базенот во Струга се затвора цели 4 месеци зошто почнала летна сезона!!?

Вистински шок за пливачките и останатите клубови од спортови на вода од Струга и од Охрид, донесе одлуката на управителот на единствениот затворен базен во тој регион во државава, „ЕСМ МОЛИКА СПОРТ Струга“ да не работи од денеска па се до 11 октомври оваа година, или речиси цели четири месеци! И тоа, како што велат од пливачките клубови, во период на одржување на најголемите домашни пливачки натпреварувања за кои цела година се подготвуваат пливачите. И потоа сакаме и бараме развој на пливање, враќање на масовноста и интересот за овој спорт кај младите генерации од Струга и Охрид кој од поодамна е на најниско ниво, и развој на професионалниот спорт.

Ајде што Македонија, во регионот на Охридското езеро и двата најголеми домашни туристички центри кои треба да негуваат спортови на вода, има само еден затворен базен – оној во Струга (со оглед на фактот што оној во Охрид, пак, го градиме повеќе од 15 години!?). Но сега и тој единствениот нема да биде достапен за пливачите, крајно изненадувачки, цели четири месеци! А, причината онак кратко наведена – затоа што почнала летна сезона!!?

„Оваа одлука е спротивно од намената на објектот кој е од јавен интересен. При намален обем на работа има намален персонал. В прочем, ако поголемите приходи од летниот период доаѓаат од Ливадиште, не треба нас останатите кој што сме цела година во базенот да не исфрлите од секој можен концепт на работа. Градејќи форма и кондиција на нашите спортисти преку цела година вие со Вашата смешна одлука затварате и уништувате едногодишна работа на сите деца од клубовите во Охрид и Струга точно на две недели пред државното првенство кое ќе се одржи н 12. јули во Скопје. Ништо нема да влијае на вашата работа со автокампот Ливадиште ако се дозволи спортските клубови да работат во период од 09-12 часот. Оваа одлука треба да биде преиспитана ,затоа што е против сите спортски здруженија кој што работат и зависат од базенот. Минатата година почнавме во ноември што и тоа беше против тоа за што е базенот наменет“ – велат од пливачкиот клуб “3 дисциплини“.

Еднаков е револтот и кај останатите клубови од Охрид и од Струга…

„Ова го има само во Македонија, а потоа сакаме да ги вратиме младите на активно вклучување во пливањето или спортот воопшто. Каков развој на пливањето или спортот кога се соочуваме со вакви нешта? Одлука која што во целост е спротивна на потребите и интересите на спортистите и спортските клубови. Прекин со работа во оваа фаза, и толку долга најавена пауза, е крајно непрофесионално. Ве повикуваме да ја преиспитате одлуката, и во иднина вакви одлуки да се носат во консултација со тие за кои што впрочем е изграден и наменет базенот, кој патем е објект од јавен интерес“ – порачуваат од пливачките клубови.

Се вчитува...