Англиските премиерлигаши на денешниот состанок донесоа одлука за воведување на ВАР технологија на натпреварите од елитното англиско фудбалско друштво почнувајќи од сезоната 2019/2020.
Во текот на актуелната сезона веќе се вршеа бројни тестирања, согласно планот главните судии не беа известувани за одлуките на ВАР-арбитрите, а актуелната ВАР-технологија беше целосно користена за натпреварите на ФА-Купот на Англија и на Лига-купот на Англија.
Состанокот на Премиер-лигата донесе позитивно гласање за целосно вклучување на технологијата како помош за премиерлигашките судии, приклучувајќи се на „друштвото“ на врвни фудбалски лиги кои веќе користат ВАР, италијанскиот, германскиот, шпанскиот и францускиот шампионат. Од почетокот на наредната сезона ќе биде воведена ВАР-технологија во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА