Преодниот рок и натаму е отворен, а веќе е надминат минатогодишниот рекорд на трошење за трансфери од 2,4 милијардо долари, иако до крајот на преодниот рок има уште околуј 1 недела.
Два трансфери беа над 100 милиони, на Моисес Каиседо и Деклан Рајс кои заминаа во Челси, односно Арсенал.
Челси потроши најмногу пари летово, и донесе девет играчи при што потроши милијарди долари откако новото раководство предводено од Тод Бојли го презеде клубот.
Првакот Манчестер Сити потпиша со Џереми Доку за 65 милиони долари, а претходно беше донесен Јошко Гвардиол за 97 милиони.
Јунајтед потроши 85 милиони долари на напаѓачот Расмус Хјолунд, додека Арсенал на Каи Хаверц потроши 75 милиони, покрај Рајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

