Фудбалските клубови оваа зима потрошија рекордни 1,57 милијарди долари во јануарскиот преоден рок, со најголем број на меѓународни трансфери, соопшти ФИФА. Кај фудбалерките исто така има рекорд со 341 меѓународен трансфер, што е зголемување за 30,2% во споредба со 2022 година. Вкупно се потрошени 774 илјади долари кај фудбалерите, што исто така е рекорд.
Според ФИФА, во машкиот фудбал се извршени вкупно 4387 меѓународни трансфери, најмногу од почетокот на формирањето на Заедницата за склопување на трансфери во 2010 година. Вкупно 1,57 милијарди се потрошени за трансфери, што е за 230 милиони повеќе од претходниот рекорд во јануари 2018 година.
Бројот на трансфери пораснал за 14,4% во однос на 2022 година, при што вкупниот надоместок за меѓународни трансфери е пораснат за цели 49,4% од јануари 2022 година.
Англиските клубови се на врвот по потрошувачка за трансфери со вкупна сума ос 898,6 милиони долари, што е 57,3% од вкупната потрошувачка. Зад нив е Франција со 131,9 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА