Играчот од средниот ред Рајан Гревенберх денес потпиша нов долгорочен договор со Ливерпул. Со новиот договор, Холанѓанецот ќе остане на „Енфилд“ и во следните шест сезони, односно до 2032 година.
Гравенберх дојде во Ливерпул пред три сезони од Баерн Минхен. Во Германија не се наметна, но затоа во таборот на „црвените“ се промовираше како еден од клучните фудбалери, кои лани придонесе титулата да се врати на „Енфилд“.
„Се чувствувам навистина добро. Горд сум што го продолжив договорот, и среќен сум што можам да останам тука уште многу години. Директно ја чувствувам довербата од клубот. Одлуката за мене беше лесна. Јас и моето семејство сме среќни тука, и три години сме веќе во градот, знаеме се. Среќен сум што останувам“, рече Гравенберх.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

