Александар Тодоровиќ е првиот кошаркар што си заминува од редовите на Гостивар на стартот од оваа година, откако српскиот интернационалец реши да го напушти клубот и да се врати во татковината, потпишувајќи договор со Динамик.
Српскиот центар важеше за еден од најдобрите кошаркари на Гостивар во досегашниот дел од сезоната, наметнувајќи се како еден од лидерите на тимот на Марјан Србиновски. Сепак, по добиената понуда од белградскиот клуб тој реши да ја напушти Македонија и потпиша со Динамик, екипа на чија клупа се наоѓа екс-тренерот на Партизан, Мута Николиќ.
Останува да се види дали Тодоровиќ ќе биде единствениот кошаркар што ќе си замине од таборот на Гостивар, но и кој играч Србиновски ќе го одбере за негова замена, со оглед на фактот дека како резервна опција во моментов го има само Кирил Павловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА