Ландо Норис делува импресивно оваа сезона во Формула 1 шампионатот, во која британскиот возач се промовираше во сериозен кандидат за титулата и е на добар пат да го симне Макс Ферстапен од тронот.
Поранешниот светски првак Џенсон Батон јавно го советуваше Ландо Норис што треба да промени во својот пристап за да си ја оствари оваа голема желба. Според Батон, Норис мора престане да биде самокритичен, бидејќи тоа може да му претставува се поголем проблем како што ќе се ближи крајот на сезоната и битката за титулата ќе се разгорува.
Норис во моментов заостанува само осум бода зад својот тимски колега Оскар Пијастри, но Батон е убеден дека може да се искачи на врвот доколку го надмине тој проблем.
„Трката во Австрија беше клучна за Ландо, тој беше психолошки оптоварен што толку долго беше без победа. Норис е неверојатно брз, но проблем му е што се си зема при срце. Секоја грешка, секој најмал пропуст… и тоа се одразува врз неговите изданија на трките. Треба да разбере една работа – сите грешиме, но клучот е во тоа да ја надминеш грешката и да стигнеш до најдобриот можен резултат. Тоа е составен дел од трките – повеќе пати ќе загубиш отколку што ќе победиш, и тука нема ништо страшно и не смее да се биде емотивен на таа тема. Ако Норис го надмине овој аспект, верувам дека ќе стигне до титулата“, истакна Џенсон Батон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

