Клучни поени, одлична одбрана… погледнете како Ивица Димчевски го донесе Маџари на победа од Прва лига (ВИДЕО)

Маџари потешко од очекувањата ја оправда фаворитската улога во првиот полуфинален натпревар против МЗТ Скопје Уни Банка во плеј-офот од Втората лига, но стекна предност од 1-0 триумфирајќи во драматична завршница со 83-75 благодарние на најискусниот во составот, Ивица Димчевски.

Поранешниот репрезентативец на Македонија ги превзема работите во свои раце во последните две минути од средбата во нападот и во одбраната врајќајќи го својот состав од негатива од еден напад и носејќи му триумф со клучни поени, изборена загубена топка и офанзивен скок.

Возбудливата серија која ќе го даде новиот прволигаш продолжува во СЦ „Јане Сандански“. Младиот состав од Аеродром таму ќе има шанса да донесе „мајсторка“, а искусниот тим да ја исполни сезонската амбиција.

Се вчитува...