Кметовска најкорисна кошаркарка на Ф4 турнирот во Купот на Македонија

Екипата на Баскет Кам го освои трофејот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ за 2026 година, откако во финалниот натпревар славеше над Крива Паланка со 74-68.

Ивана Кметовска е најкорисната кошаркарка на финалниот турнир во Македонска Кменица. Актуелната македонска репрезентативка одигра два одлични натпревари, и апсолутно заслужено ја доби главната индивидуална награда на турнирот.

Во финалниот меч, реализираше 24 поени со висок процент на реализација во обидите за два поени (10/13 односно 76% на реализација, и 4/7 за еден поен. На тоа додаде и девет скока, по една блокаада и освоена топка и пет загубени за 33:52 минути во игра.

Се вчитува...