КМФ Проект е футсал шампион на Македонија

КМФ Проект ја освои шампионската титула во Првата футсал лига на Македонија, крунисувајќи ја одличната сезона со доминантни настапи и континуирани резултати каде на 4 кола до крајот успеаја да ја впишат втората титула.

Тимот покажа квалитет во текот на целата сезона, што резултираше со заслужено освојување на првото место со скор од 14 победи на исто толку натпревари.

„Оваа титула е резултат на огромен труд, посветеност и верба. Горд сум на целиот тим и на сите кои се дел од клубот“, изјави претседателот од клубот Иван Гавровски.

Со оваа титула, КМФ Проект обезбеди и пласман во квалификациите за Лигата на шампиони, што претставува историски успех за клубот.

Се вчитува...