Новинарот на „Филаделфија њус“, Мајк Сјелски ја привршува книгата за легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант. Биографијата за кошаркарот кој го трагично го загуби животот на почетокот на годинава ќе го носи името „Запаметете го ова име – Подемот на Коби Брајант“.
Медиумите во САД пренесуваат дека во книгата ќе ги има сите детали за животот на Коби, од неговата најрана возраст, преку НБА кариерата, па се до трагичната смрт во јануари годинава.
Коби Брајант, на 41 година, загина во стравична хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џана и уште седум лица. По завршената аутопсија, според извештајот за обдукција на коронерот во Лос Анџелес, поранешната НБА ѕвезда се здобила со сериозни повреди во внатрешните органи веднаш по ударот на хеликоптерот на земјата. Утврдени се катастрофални повреди на мозокот и 30% изгореници на телото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА