ЕКИПА во Загреб, Стеван Цаневски
МЗТ Скопје гостува во Загреб на Цибона, а на трибините има многу Македонци. Голем дел од нив членови на „ракометната експедиција“, а во ложата се наоѓаат и Даниел Димевски и Зоран Дамјановски Циц. Поранешниот претседател на МКФ и екс-градоначалникот на Куманово во последно време се повеќе се споменуваат како можни партнери во коалиција за влез во МКФ.
Димевски самиот собираше потписи во изминатите три месеци, но откако не успеа да се наметне како кандидат за наследник на Петар Наумоски сега подготвува „заеднички проект“ за враќање во МКФ. Неофицијално, тој е подготвен да ги проследи оние клубови што во изминатиот период му даваа поддршка на Дамјановски во неговата кандидатура за претседател, а за возврат и самиот да добие сериозна функција во куќата на кошарката.
Проблем им претставува фактот што Владо Илиевски при презентацијата на потписите за свикување на Вонредно Собрание приложил потписи од речиси сите клубови, па сега е речиси невозможно да се обезбеди поддршка за Дамјановски да приложи сопствена кандидатура.
Сапуницата околу мак-кошарката очигледно ќе продолжи, заедно со желбата на многумина да влезат во МКФ.
Во меѓувреме, на потег е Петар Наумоски да закаже Собрание по иницијативата поднесена од страна на Владо Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА