Јапонецот Рјоју Кобајаши, трет пат во кариерата ја освои Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Интересно, овојпат Јапонецот не победи на ниту една скокалница, но благодарение на четирите втори места, стигна до вкупна победа.
Второто место во вкупниот пласман го освои Андреас Велингер од Германија, додека третото место му припадна на Австриецот Штефан Крафт.
Претходно Кобајаши ја освојуваше турнејата во 2019 и во 2022 година. Во 2019 година победи на сите четири скокалници, додека во 2022 година беше најдобар на првите три скокалници.
Инаку на скокалницата во Бишовсхофен најдобар беше Штефан Крафт. Второто место беше Кобајаши, а третопласиран Анже Ланишек од Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА