Кобајаши ја прекина фантастичната серија на Превц

Рјоју Кобајаши е победникот на вториот ден од натпреварувањето во швајцарскиот Енглеберг, успевајќи да ја прекине доминацијата на Домен Превц во светскиот куп во ски-скокови.

Превц со вчерашниот триумф имаше пет победи во низа во Светскиот куп, Словенецот имаше два импресивни скокови и денеска освојувајќи вкупно 306,4 бода, но и тоа беше недоволно за да се продолжи победничката серија.

Кобајаши освои вкупно 310 бода и заслужено стигна до првата позиција за своја втора победа сезонава, по онаа во Лилехамер.

Следниот голем дуел меѓу ривалите Превц и Кобајаши ќе можеме да го следиме на претстојното издание на „Четири скокалници“ што ќе стартува на 29 декември во Оберстдорд.

Се вчитува...