Кобајаши со победа на Планица ја потврди доминацијата во Светскиот куп

Ријо Кобајаши ја потврди доминацијата во Светскиот куп во ски-скокови, откако денеска победи на 240 метерската ски – леталница во Планица, Словенија. Јапонецот до победата стигна со летови од 252 и 230.5 метри.

Второто место му припадна на домашниот ски-скокач Домен Превц кој забележа летови од 239.5 и 222.5 метри, а третопласиран беше Германецот Маркус Ајзенбихлер со летови од 227 и 235 метри.

Со денешното натпреварување заврши сезоната во Светскиот куп во ски – скокови, во кој доминираше Јапонецот Ријо Кобајаши кој освои 2085 поени. Второто место му припадна на Австриецот Штефан Крафт кој заврши со 1349 поени, а трет е Камил Шток од Полска со 1288 поени.

Се вчитува...