Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е освојувачот на Големата награда на Холандија. Австралискиот возач извозе нова фантастична трка која ја започна и ја заврши на првата позиција.
Покрај кобниот ден за Ферари во кој ниту Хамилтон ниту Леклер не успеаја да ја завршат трката, не успеа ни да ја заврши ниту Ландо Норис за која крајот дојде во 65 круг поради проблеми со моторот.
Зад Пјастри заврши Макс Ферстапен, а на третата позиција Исак Хаџар за кој ова е првиот пласман на пиедесталот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

