Коби Брајант: Добредојде во семејството за Леброн!

Леброн Џејмс за сума од 154 милиони долари си потпиша четиригодишен договор со ЛА Лејкерс. Еден од првите кои му посакаа добредојде во градот на ангелите е Коби Брајант.

Легендарниот Коби истакна дека му се допаѓа одлуката на Леброн кариерата да ја продолжи во Лос Анѓелес.

„Добредојде во семејството“ – напиша Брајант на својот Твитер профил посакувајќи му на „Кралот“ многу среќа во новиот дрес.

Американските медиуми, меѓу другото, пренесуваат дека Леброн разговарал со Коби Брајант пред и воопшто да ги почне преговорите за доаѓање во Лејкерси. Најпрво се консултирал со Коби па потоа ги почнал разговорите со претседателот на ЛА лејкерс, Меџик Џонсон, со кого подоцна ги договори и сите детали. Покрај Леброн, во тимот на ЛА лејкерс пристигна Рејџон Рондо, кој потпиша едногодишен договор за сума од 9 милиони американски долари.

Се вчитува...