Статуа на Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи ќе биде поставена пред салата во која играат Лос Анџелес Лејкерс.
Коби Брајант, неговата ќерка Џиџи и уште седум лица загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во Лос Анџелес на 26. јануари 2020 година.
Како што пренесуваат американските медиуми, кошаркарската легенда и икона на Лејкерс, Коби Брајант ќе добие своја статуа пред „Крипто.ком арената“, односно поранешниот Стејплс центар.
Симболично, статуата на Коби и Џиџи Брајант ќе биде поставена на 8. август 2024 година. Датум кој ги симболизира броевите 8 и 24 кои ги носеше Коби Брајант во текот на неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

