Кочанчани цела Македонија е со вас (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа над Лихтенштајн од 0-3 ги стартуваше квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Најтешкиот натпревар во историјата на фудбалската репрезентација поради трагедијата во Кочани која што се случи пред една недела, сепак покажа дека Македонецот е најдобар кога е обединет.

Во 59. минута трибините на стадионот во Вадуц кои беа обоени во „црвено-жолта“ боја им оддадоа почит на прерано згасните 59 животи на младите луѓе кои несреќно го загубија својот живот во дискотеката „Пулс“.

 

Се вчитува...