ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев
Патот кон Мундијалот 2026 година низ регуларните квалификации за Македонија почнува од Вадуц, на дуел против селекцијата на Лихтенштајн (15:00 часот). Македонскиот воз тргнува денеска со надеж дека ќе стигне до посакуваната дестинација – Светското првенство 2026!
Како што најавија од ФФМ нашите репрезентативци денеска ќе настапат со дрес во црна боја на кој ќе пишува „Кочани 16.3.2025“ со што ќе се оддаде чест на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА