Кочани се обединува во чест на загинатите – 40 дена тишина

Се уште се свежи раните од големата трагедија во Кочани во која животот го загубија 62 лица. Кошаркарскиот клуб од овој град, Баскет Дино реши да организира хуманитарен натпревар меѓу ветераните на овој клуб и младинската екипа, меч од кој сите приходи ќе бидат наменети за семејствата на жртвите.

„Кошаркарскиот клуб Баскет Дино оваа година го одбележува својот 21-ви роденден. Но, наместо да славиме, тагуваме. Трагедијата во „Пулс“ ни ги одзеде 62 живот меѓу нив и млади кошаркари, пријатели, членови на нашата заедница.

На 24 април, точно 40 дена по несреќата, Баскет Дино организира хуманитарен кошаркарски натпревар во нивна чест. На теренот ќе застанат поранешни и сегашни кошаркари обединети во љубов и почит.

Целосниот приход ќе биде дониран на семејствата на настраданите. Секој билет ќе биде повеќе од влез ќе биде симбол на солидарност, сочувство и заедничка болка што не молчи.

Да бидеме едно. Да не заборавиме. Да ја прегрнеме тагата со љубов.

За нив. За нас. За Кочани“, објави Баскет Дино.

Се вчитува...